Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Бруто надворешниот долг 12,1 милијарда, побарувањата 7,6 милијарди евра

24 сеп. 2025 г.·3 мин читање·2596 прегледи

Следете не на Viber

Бруто надворешниот долг, на крајот од јуни изнесувал 12.159 милиони евра, односно 74,5 отсто од проектираниот БДП. Во однос на претходниот квартал, долгот е зголемен за 117 милиони евра, или за еден насто. Растот произлегува од зголемување на приватниот долг за 189 милиони евра, додека јавниот долг е намален за 104 милиони евра.

Во првата половина од годината, бруто-долгот е понизок за 55 милиони евра или за 0,5 отсто во однос на крајот на 2024 година. Но, ако се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка, долгот е зголемен за 18 милиони евра. Народната банка ги објави најновите податоци за надворешниот долг, побарувањата и МИП за вториот годинешен квартал, кои покажуваат одредени зголемувања на обврските и на негативната позиција кон странство.

Бруто надворешните побарувања, пак, достигнаа 7.564 милиони евра или 46,4 отсто од проектираниот БДП, со квартален раст од 73 милиони евра. Зголемувањето е главно кај приватниот сектор, чии побарувања се повисоки за 173 милиони евра, додека јавните побарувања се намалени за 71 милион евра. На годишно ниво, побарувањата се пониски за 111 милиони евра.

Како резултат на поголемото зголемување на обврските во однос на побарувањата, нето надворешниот долг се зголеми за 44 милиони евра и на крајот на вториот квартал изнесува 4.595 милиони евра, или 28,2 отсто од проектираниот БДП. Во структурата, приватниот нето-долг има најголемо учество со 67,1 процент.

Негативната меѓународна инвестициска позиција на земјата дополнително е влошена. На крајот на јуни достигна нето 8.983 милиони евра, што претставува 55,1 отсто од проектираниот БДП, проследено со квартален раст од 119 милиони евра.

Тоа нагорно движење кај негативната МИП произлегува од поинтензивното зголемување на обврските (за 263 милиони евра), во однос на зголемувањето на средствата (за 143 милиони евра). „Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на сопственичките инструменти се зголемени за 76 милиони евра, додека нето-обврските врз основа на должничките инструменти бележат зголемување за 44 милиони евра“, се посочува од Народната банка.

Споредено, пак, со крајот на 2024 година, негативната МИП е зголемена за 324 милиони евра, и тоа како резултат на растот на нето-обврските врз основа на сопственичките инструменти (за 268 милиони евра) и должничките инструменти (за 56 милиони евра).

Од Народната банка наведуваат дека во рамките на редовната ревизија на податоците за 2024 година и подобриот опфат за првиот квартал од 2025 година, извршени се и корекции: бруто надворешниот долг е намален за 74 милиони евра, а бруто надворешните побарувања се зголемени за четири милиони евра, што резултира со понизок нето долг за 78 милиони евра. А, „промената кај меѓународната инвестициска позиција, нето, во првиот квартал од 2025 година, придонесува за намалување на негативната МИП за 96 милиони евра“.

Клучни зборови

  • Бруто надворешен долг
  • МИП
  • Народна банка
  • нето надворешен долг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk