
Берза
Берзанскиот промет зголемен за 111 насто, фокусот на инвеститорите не се менува
Прометот на Македонска берза во септември се зголемил за 111,59 насто, а бројот на реализираните трансакции за 46,45 насто. Или, низ 1.526 трансакции купопродажбата на хартии од вредност достигнала 1.090.399.712 денари, односно над 17,7 милиони евра. Речиси третина од вкупниот промет, попрецизно 27,1 отсто, е остварен на официјалниот пазар, преку тргувањата со петте најинтересни акции