Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаФинансии

Берзанскиот промет зголемен за 111 насто, фокусот на инвеститорите не се менува

7 окт. 2025 г.·3 мин читање·2025 прегледи

Следете не на Viber

Прометот на Македонска берза во септември се зголемил за 111,59 насто, а бројот на реализираните трансакции за 46,45 насто. Или, низ 1.526 трансакции купопродажбата на хартии од вредност достигнала 1.090.399.712 денари, односно над 17,7 милиони евра.

Речиси третина од вкупниот промет, попрецизно 27,1 отсто, е остварен на официјалниот пазар, преку тргувањата со петте најинтересни акции за инвеститорите – банкарски, нафтени и фармацевтски. Нивниот заеднички септемвриски промет е 4,8 милиони евра.

И натаму најмногу се тргува со акцијата на Комерцијална банка. Забележани се 491 трансакција, 4.154 акции и промет од 117.560.339 денари (1,9 милиони евра), кој во вкупниот промет учествува со 34,2 отсто. Притоа, цената се движела од минималните 27.500 до максималните 28.499 денари, а просекот е 28.300,51 денар.

Септември донесе промена во редоследот. Втората најтргувана акција е на Макпетрол, која го заврши месецот со просечна вредност од 116.462,98 денари. Максимумот бил 117.002, а минимумот 115.500 денари. Истргувани се 582 акции за кои се платени 67.781.454 денари (1,1 милион евра). Имало 125 трансакции. Уделот во прометот е 19,72 отссто.

Акцијата на Алкалоид се спушти едно место подолу. Берзанската статистика регистрирала 327 трансакции со извршена купопродажба на 2.554 акции. Прометот е во износ од 66.776.479 денари (1,08 милиони евра), со учество од 19,43 отсто. Во текот на месецот ценовните движења биле во опсег од 25.600 до 26.999 денари. Просечната вредност е 26.145,84 денари.

Со 9.987 акции издадени од Стопанска банка Скопје е постигнат промет од 28.253.143 денари (459,2 илјади евра). Просечната цена за акција е 2.828,99 денари, додека највисокото ниво било 2.850, а најниското 2.800 денари. Имало 131 трансакција. Во вкупниот промет партиципира со 8,22 отсто.

Инвеститорите вложиле 16.072.321 денар (скори 261 илјада евра) во 277 акции на НЛБ Банка. Бројот на транакциите е 83. Ценовните промени оделе од 57.300 до 59.000 денари, од каде што произлегол месечниот просек од 58.022,82 денари. Учеството во прометот е 4,68 отсто.

Според месечниот берзански билтен, прометот во класичното тргување е зголемен за 29,57 насто, од августвовските 272.282.700 на 352.806.202 денари во септември.

Висок е процентуалниот раст – за 378,18 насто – на прометот реализиран низ тргувањето со обврзниците. Износот е 5.789.976 денари. За 40,73 насто е повисок прометот од блок-трансакциите (182.593.498 денари), чиј број е зголемен за 85,71 насто, или седум во август, а 13 во  септември.

Пазарната капитализација на Македонска берза во септември е 356.608.690.038 денари (5,8 милијарди евра), што е за 0,42 отсто помалку од претходниот месец. Пад од 1,05 отсто е регистриран кај основниот берзански индекс. МБИ10 го завршил септември со вредност од 10.346,94 поени.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • МБИ10
  • месечен билтен за септември
  • најтргувани акции
  • промет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk