
Работилници против врсничко насилство и во Чучер-Сандево преку кампањата на „Макпетрол“
Учениците во Општина Чучер-Сандево ќе имаат можност да се запознаат со различните форми и аспекти на врсничкото насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска и градоначалникот Сашко Комненовиќ денес потпишаа меморандум за соработка. Активностите ќе вклучуваат одржување на работилници, како и едукативен материјал


