Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Работилници против врсничко насилство и во Чучер-Сандево преку кампањата на „Макпетрол“

9 фев. 2024 г.·4 мин читање·1197 прегледи

Следете не на Viber

Учениците во Општина Чучер-Сандево ќе имаат можност да се запознаат со различните форми и аспекти на врсничкото насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска и градоначалникот Сашко Комненовиќ денес потпишаа меморандум за соработка. Активностите ќе вклучуваат одржување на работилници, како и едукативен материјал испечатен од „Макпетрол“.

– Реткост е, за жал, врсничкото насилство некого да одмине. Без разлика дали децата и младите растат во голема или во мала средина, без разлика дали живеат во Македонија или во некоја од развиените европски или светски земји, тие со булингот се запознаваат уште од најрана возраст. Во најмала рака, мнозинството од нив биле набљудувачи, односно сведоци, а секако не е мал бројот и на тие што се нашле во улогата на извршители или на жртви. За сите овие припадници на генерациите кои што се иднината на секоја земја, врсничкото насилство може да биде точката која што пресудно ќе влијае во која насока ќе се развива и ќе се реализира нивниот потенцијал. Затоа со активностите од нашата кампања се обидуваме да направиме што поширок опфат во земјава, а нè исполнува фактот дека тоа е препознаено и дека од најразлични страни добиваме барања да се приклучат во реализацијата – вели Јосифовска-Спасовска.

По Штип, Бутел и Петровец, Чучер-Сандево е четвртата општина што за краток период се вклучува во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Учениците, како и претставници на стручните служби во образовните установи ќе се здобијат со знаења што ќе ги сподели психолог со долгогодишно искуство и ангажман на справување со причините и со последиците на оваа негативна појава.

По отпочнувањето, во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ досега се приклучија 13 општини. Претходниот период компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. Учениците и стручните служби во пет од наведените општини веќе учествуваа во работилници, додека истите ќе се одвиваат во останатите во следниот период. Опфатот на овие едукативни средби досега е над 40 основни училишта и неколку илјади ученици.

Работилниците, на младите, како и на наставниците, но и на психолозите и на педагозите, им овозможуваат суштински да се запознаат со формите на булинг, како што се физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Во текот на овие средби, учениците, преку разговор и вежби, ги разгледуваат повеќето аспекти на врсничкото насилство, а стручните служби се здобиваат со знаење кое што потоа можат да го применат во секојдневната настава.

Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ во онлајн-просторот е активна преку интернет-страницата kreniglas.mk. Оваа платформа содржи опсежни информации, совети и искуства кои што можат да помогнат во препознавањето, соочувањето и потенцијалното разрешување на случаите со булинг. Анонимноста е особено значајна кога е во прашање овој проблем, а вебсајтот овозможува, без откривање на личните детали, секој да ја сподели својата приказна со булингот. На ист начин може да се решат и интерактивните тестови кои откриваат дали одредена личност била извршител, жртва или набљудувач на случаи со врсничко насилство.

Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ се реализира една од носечките стратешки цели на „Макпетрол“ – општествената одговорност. Преку оваа активност, компанијата сака да поттикне значително зголемување на интересот и на јавната дискусија за проблемот со булингот. Активностите, исто така, имаат за цел на најмладите да им овозможат едукација и поддршка, како и изнаоѓање долгорочен пристап за решавање на овој широко распространет проблем.

Клучни зборови

  • Врсничко насилство
  • Крени глас против врсничкото насилство
  • Макпетрол
  • Марија Јосифовска-Спасовска
  • Сашко Комненовиќ
  • Чучер-Сандево
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk