
Фабриката на „Магна“ во Штип ќе отвори 600 работни места со плати над државниот просек
Повеќе од 600 работни места и плати 20 насто повисоки од државниот просек ќе донесе втората инвестиција на канадската „Магна Интернационал“ во Штип. Со ова, покрај фабриката во ТИРЗ Струга, компанијата го проширува обемот на делување во Македонија. „Магна“ се вбројува меѓу најреномираните светски компании, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти
