Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Магна Мирорс“ во зоната во Струга ќе вработи над илјада лица

12 окт. 2022 г.·3 мин читање·1063 прегледи

Следете не на Viber

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена фабриката на канадската „Магна Мирорс“ во која ќе се произведуваат ретровизори за автомобили.

Премиерот Димитар Ковачевски, на официјалното отворање, порача дека одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили – се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата.

Инвестицискиот циклус на „Магна“ почна во март 2021 година и ќе трае до 2026 година, а објектот што ќе се гради ќе биде со големина од околу 17.000 метри квадратни. Компанијата ќе вработува околу 1.300 лица кога ќе го постигне својот планиран капацитет, а поддршката од државата на оваа инвестиција е околу 50% од вкупното вложување преку даночни и царински ослободувања, како и преку грантови за нови работни места, за инвестициски трошоци, конкурентност…

Потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи, порача дека Магна има широко портфолио и е на четврто место глобално во својата индустријата, додека Магна мирорс е лидер во производстото на внатрешни и надворешни огледала за автомобили, како и напредни видео системи за следење на движењето, модули и компоненти за возила.

– Тоа што почна како идеја во 2018, сега е реалност. Нашата инвестиција е околу 35 милиони евра, се наоѓа на површина од 17 илјади метри квадратни и ќе има една илјада вработени, изјави Кресп.

Директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, порача дека продолжуваат да работата и очекува двојно да се зголемат странските директни инвестиции.

„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.

„Магна Интернационал“ производува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија, поточно за „Генерал Моторс“, „Форд“, „БМВ“, „Тојота“, „Волксваген“, „Хонда“ и многу други познати брендови.

Има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.

Клучни зборови

  • Дејвид Креспи
  • Јован Депотовски
  • Магна
  • Магна Мирорс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk