
ИНТЕРВЈУ СО ДИТА СТАРОВА ЌЕРИМИ: Карактерот е најдлабокото културно дело што човекот го гради во себе
Книгите, уметноста и разговорите се природниот амбиент во кој се градела личноста на сликарката и професорка д-р Дита Старова Ќерими. Таа привилегија, тоа наследство го сфаќа како внатрешна обврска да не остане под нивото на она што го имала како духовен пример. Со децении е активен учесник во македонскиот културен живот. Во разговорот за Пари





