
„ИМАМЕ ПОНУДА ОД ПОТЕНЦИЈАЛЕН ФИНАНСИЕР“, НАЈАВИ ПРЕМИЕРОТ за изградба на брзата пруга од Коридорот 10
Проектот „брза пруга“ според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, постепено влегува во понапредна фаза на реализација. Премиерот денес соопшти дека Владата веќе располага со „необврзувачка индикативна понуда од потенцијален понудувач“ на повикот за финансиери на овој стратешки проект. Според него, станува збор за важен чекор напред во процесот, кој досега главно се одвиваше на ниво







