Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПОЧНУВА ПОДГОТОВКАТА ЗА БРЗАТА ПРУГА – Првите товарни композиции во 2028 година

28 ное. 2025 г.·3 мин читање·1668 прегледи

Следете не на Viber

До 2028 година да проработат првите товарни возови, а до летото 2031 целосно да биде завршена брза, двоколосечна железничка пруга од граница со Србија до граница со Грција – ова е планот што Владата го врзува за најголемиот железнички проект на Коридорот 10. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најавува дека подготовките веќе се во тек, а првите багери на терен треба да се појават кон крајот на летото или почетокот на есента следната година.

Николоски објасни дека во моментов се одвиваат сите подготвителни работи на терен, како и изработката на техничката документација и студиите за влијание врз животната средина и екологијата. Проектот се реализира со поддршка и финансирање од Обединетото Кралство преку УКЕФ, а по нивна препорака е одбрана компанијата IRM, која во моментов ги изработува сите потребни технички документи за реализација на брзата пруга. Паралелно се спроведуваат и истражувања за заштита на екологијата во период од најмалку две сезони, за да се утврди какви ефекти ќе има трасата врз животната средина.

Според роковите што ги посочи вицепремиерот, очекувањата се до јуни или јули да биде завршена клучната документација и анализи, а потоа, кон крајот на летото или почетокот на есента следната година, да почнат првите градежни активности. Рокот за изградба е пет години, со цел до 2031 година да биде комплетно завршена двоколосечната пруга по Коридорот 10, при што една од линиите, наменета за карго-транспорт, треба да биде подготвена за сообраќај веќе во 2028 година.

Клучен е и моделот на реализација – „проектирање и изградба“ во еден пакет. Со тоа, како што објаснува Николоски, целокупната одговорност за проектот – од документација до градба – ќе падне на избраниот изведувач. Државата, на овој начин, се обидува да се заштити од класични проблеми кај големите инфраструктурни проекти: пролонгирање на роковите, дополнителни анекси и зголемување на цената.

Дополнително, во делот на финансирањето ќе се инсистира кредитот да почне да се враќа дури во моментот кога проектот ќе биде завршен и предаден. Грејс-периодот, според најавите, треба да биде најмалку ист со рокот на градба. На тој начин, финансиската институција што ќе го поддржи проектот ќе има директен интерес да врши притисок врз изведувачот работите да се завршуваат навреме, а државата да не се најде повторно во ситуација, како со автопатот Охрид – Кичево, да отплаќа кредит за инфраструктура што сè уште не е комплетирана.

Николоски нагласува дека веќе е избрана ИРМ како компанија што активно работи на подготовката на проектот на терен, а очекувањата се летото 2031 година пругата да биде целосно завршена како двоколосечна, модерна линија по Коридорот 10. Целта е да се обезбеди ефикасен товарен транспорт, а потоа и квалитетен патнички железнички сообраќај на релацијата север–југ.

Паралелно со подготовките за новата пруга, се работи и на создавање услови за подобар карго-превоз. МЖ Транспорт, како што информираше вицепремиерот, е пред потпишување договор со австриската железница ÖBB, со кој македонски локомотиви и вагони би се користеле за транспорт на стока од пристаништето Пиреја до Виена. Со завршувањето на брзата пруга по Коридорот 10, овој коридор би добил нова димензија – не само како транзитен, туку и како сериозна економска артерија што ќе го поврзе македонскиот железнички систем со европските товарни и патнички мрежи.

Клучни зборови

  • железничка пруга
  • Коридор 10
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk