
pari.com.mk
Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови
Во март 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,89% и забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени(п.п.) и 0,37 п.п., соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,11% и на месечна основа е пониска за 0,08 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка