Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mkБанкарство

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Borjan·3 мај 2020 г.·3 мин читање

Во март 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,89% и забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени(п.п.) и 0,37 п.п., соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,11% и на месечна основа е пониска за 0,08 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,31 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март, е намалена за 0,21 п.п. на месечна основа и изнесува 4,12%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,72 п.п.

Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен пад од 0,44 п.п. и изнесува 0,54%, додека споредено со март претходната година оваа каматна стапка е пониска за 0,88 п.п.“, соопшти Народната банка.

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во март, бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 4,08%.

Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 п.п., соодветно), како и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.).

Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,46 п.п.“, информираат од Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март изнесува 1,24% и во споредба со минатиот месец бележи намалување од 0,25 п.п.

„Намалувањето е резултат на падот кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,47 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,02 п.п., соодветно).

Каматни стапки на домаќинствата

Во март 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,64%, по остварен месечен пад од 0,03 п.п.
„Гледано според валутната структура, месечната промена се објаснува со намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно).

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,37 п.п., споредено на годишна основа“, информираат од Народната банка.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,10%.
„Надолната месечна промена целосно е резултат на пониските каматни стапки на депозитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п. и 0,04 п.п), во услови кога каматната стапка на депозитите во денари со валутна клаузула е непроменета.

Во споредба со март претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,28 п.п.“, соопшти Народната банка.

Клучни зборови

  • банки
  • депозити
  • каматни стапки
  • клаузули
  • штедни влогови
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk