
Анализа за Пари: Истражување за користењето на банкарски услуги од страна на македонските граѓани во 2019 година
Македонските граѓани редовно ја покажуваат лојалноста кон „своите банки“, но дали и колку се задоволни од третманот и услугите кои ги добиваат?! Според истражувањето направено од страна на Индаго, 95% од населението на возраст над 15 години соработува со некоја банка. Службено или приватно, во потрага по најповолни услови граѓаните секојдневно трагаат по нови можности.
