
БЕЗ ИЗВРШИТЕЛ – НЕМА ПРАВДА: Нужната алка во синџирот на правото
Pacta sunt servanda – договорите мора да се почитуваат. Овој древен принцип на римското право не претставува само историски украс на правната мисла, туку темелна основа на секој современ правен поредок. Од него произлегува едноставната, но суштинска логика: каде што постои право, мора да постои и средство за негово спроведување – ubi ius, ibi remedium.










