Годишен профит за најпрофитните извршители, од кој може да се купи куќа, или стан, веќе и не е вест. Порталот „Пари“ подолого ги следи нивните приходи и добивки, па заклучокот е дека за умешните во оваа фела, ова е профитна професија од која годишно се ставаат на сметка по дестици, па и и по стотици илјади евра.
Анализата на порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк (пред неколку месеци побаравме официјални податоци од Комората на извршители, но не ги доставија), покажува дека најголем приход од над 360.000 евра за 2023 година има извршителката Катерина Кокина.
На прво место, пак, по добивка (нето-приход) пред оданочување е извршителката Николина Иванова од Битола, која лани ја збогатила касата со уште 200.000 евра.
ДЕСЕТ ИЗВРШИТЕЛИ ЗАЕДНО НАПРАВИЛЕ ПРИХОД ОД НАД 3 МИЛИОНИ ЕВРА
Извршителите за тоа што го работат…