
„СОРАВИА“ ПОД ИЗВРШИТЕЛСКА ПРОДАЖБА: Јавното наддавање е на 24 април, а почетната цена е 22,4 милиони евра
Бизнис – центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин Ахмети, кој оперираше со овој објект, не успеал да го задржи имотот. „Соравиа“ периодов беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект





