Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Извршителите отпочнуваат со извршување од 24 јули

1 јул. 2020 г.·2 мин читање·107 прегледи

Следете не на Viber

Целосната примена на Законот за извршување продолжува од 24.07.2020 година, 30 дена по престанување на вонредната состојба, информираат од Комората на извршители.

Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба „до 30 јуни” со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”, стои во соопштението од Комората на извршители на РСМ.

Од Комората посочуваат дека согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување.

Клучни зборови

  • блокирани сметки
  • Извршител
  • комора на извршители
  • наплата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk