
Едукација
МБА: Претставниците на нашата земја најбројни во големото финале на Европскиот квиз на парите
Вчера се одржа големото финале на Европскиот квиз на парите, во коешто покрај учениците, учествуваа и менторите, родителите и сите други заинтересирани за финансиската едукација од повеќе европски држави. Според податоците коишто ги објави Европската банкарска федерација, на овој значаен настан најбројни беа претставниците на нашата земја, што уште еднаш потврдува дека интересот на младите кај нас за стекнување повисоки нивоа