Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

МБА: Претставниците на нашата земја најбројни во големото финале на Европскиот квиз на парите

17 јун. 2020 г.·3 мин читање·211 прегледи

Следете не на Viber

Вчера се одржа големото финале на Европскиот квиз на парите, во коешто покрај учениците, учествуваа и менторите, родителите и сите други заинтересирани за финансиската едукација од повеќе европски држави. Според податоците коишто ги објави Европската банкарска федерација, на овој значаен настан најбројни беа претставниците на нашата земја, што уште еднаш потврдува дека интересот на младите кај нас за стекнување повисоки нивоа на финансиска писменост е многу голем, а во последните неколку години откако поинтензивно се преземаат активности во оваа сфера и постојано се зголемува.

Заради пандемијата на ковид-19, Европската банкарска федерација одлучи ова финале да има формат поразличен од претходните години – да биде од отворен карактер, и да се одржи онлајн, со емитување во живо на ЈуТјуб (YouTube), преку платформата Кахут (Kahoot!). Учесници беа и нашиот национален победник, Едон Хамбари, второпласираниот на националниот натпревар, Андреј Шумански и низа други заинтересирани ученици од нашите основни и средни училишта.

На онлајн-настанот којшто претставуваше и официјално затварање на годинешното издание на Европскиот квиз на парите, одделно беа претставени и победниците на националните натпревари за ученици на возраст од 13 до 15 години од сите држави коишто годинава зедоа учество во овој најголем европски настан од едукативно-натпреварувачки карактер посветен на финансиската писменост. Притоа, беше претставен и Едон Хамбари, како победник на националниот натпревар кај нас.

Инаку, заради околностите во коишто настанот се организира во текот на корона-кризата, за првпат, европското финале се спроведе само на англиски јазик. Првото место го освои претставникот на Шпанија.

Во рамки на настанот беа претставени и значајни моменти од претходните изданија на овој значајно едукативно натпреварвање, при што беше прикажан и големиот успех на нашите минатогодишни претставници коишто го освоија второто место во Европа.

Националниот натпревар во рамки на Европскиот квиз на парите организиран од Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука, се вбројува меѓу најмасовните настани од едукативно-натпреварувачки карактер организирани во нашата земја.

Вложувањето во финансиската едукација и во поттикнувањето поголема финансиска инклузија претставува и вложување во стабилноста и напредокот на економијата. Македонската банка асоцијација и регулаторите на финансискиот систем во рамки на соработката со која се спроведува и Европскиот квиз на парите кај нас, и во претстојниот период ќе имаат бројни активности со коишто се има за цел уште повеќе да се поттикнат интересот за финансиската едукација и поголема финансиска инклузија.

https://www.youtube.com/watch?v=3DJtz2Aeyww&feature=emb_title

 

Клучни зборови

  • Европската банкарска федерација
  • Европски квиз на пари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk