
Анализи
Македонија е меѓу европските лидери по раст на платите – плус 10,5 насто за една година
Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што Македонија се најде меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година. Официјалната статистика измери дека просечната нето-плата во земјава во јули годинава е повисока за 10,5 насто споредено