Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што Македонија се најде меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година. Официјалната статистика измери дека просечната нето-плата во земјава во јули годинава е повисока за 10,5 насто споредено со јули минатата година, а изнесува 45.276 денари.
Во некои сектори, како на пример во административните и помошните услужни дејности, платите се зголемени за дури 16,5 насто, во образованието за 15,0 насто, а во здравството и социјалната заштита за 14,8 насто. Овој раст на…