
Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка
Стопанската комора на Македонија и Фискалниот совет на Република Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии. Целта е да се зголеми взаемната информираност во функција на максимизирање на предвидливоста



