Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

24 дек. 2024 г.·2 мин читање·896 прегледи

Следете не на Viber

Стопанската комора на Македонија и Фискалниот совет на Република Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии. Целта е да се зголеми взаемната информираност во функција на максимизирање на предвидливоста на бизнис амбиентот за економските субјекти.

Договорот, кој го потпишаа претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Фискалниот совет, д-р. Глигор Бишев, предвидува размена на податоци, анализи, извештаи и мислења што се од взаемен интерес, што ќе овозможи подлабока координација меѓу двете институции. Исто така, договоренa е можноста за заедничко учество во проекти, програми и анализи.

Покрај тоа, двете страни ќе соработуваат во организирање обуки, едукативни настани и работилници на теми кои ги засегаат актуелните економски предизвици. Соработката ќе вклучува и меѓусебна стручна поддршка со цел пронаоѓање најповолни решенија за сложените економски прашања со кои се соочува државата.

Фискалниот совет е избран од страна на Собранието. Станува збор за независно тело чија цел е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост. Првиот состав на Фискалниот совет го сочинуваат: (претседател) проф. д-р. Глигор Бишев, по предлог на Народната банка и членовите: академик Абдулменаф Беџети, предложен од МАНУ и д-р Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, предложена од Државниот завод за ревизија.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • д-р Глигор Бишев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk