
Богов: Доколку состојбата со банките беше како што е прикажана во извештајот, тие немаше да ги издржат силните шокови
Извештајот нарачан од некогашниот акционер и претседател на Надзорниот одбор на пропадната Еуростандард банка има сериозен проблем со кредибилитетот поради конфликт на интереси и користење на селектирани информации, вели во дописот до јавноста поранешниот гувернер на Народна банка, Димитар Богов. Тој додава дека „токму поради дел од тие слабости и самиот автор ја искажува резервираноста

