Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Димитар Богов: Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

16 авг. 2020 г.·2 мин читање·211 прегледи

Следете не на Viber

 

 

 

 

Според Богов, Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави за МИА екс гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Знаејќи ја ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, вели тој во изјавата за МИА, јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.

– Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум, вели Димитар Богов.

– За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со „Еуростандард банка“ и да го намалат нивото на лошите кредити, истакнува Богов за МИА.

Зголемувањето на капиталот кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити, посочува Богов.

– Низ годините, Народната банка ги презема сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките. Тоа е исклучиво во надлежност и е одговорност на акционерите и раководните структури во банките, порача Богов во изјавата за МИА во врска со затворањето на „Еуростандард банка“. 

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Димитар Богов
  • Еуростандард банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk