
УЈП испратила покани до 10.000 обврзници: Оданочувањето доход од странство е законска обврска, само Законот не се применувал
Управата за јавни приходи испратила околу 10 илјади известувања до граѓаните кои треба да го пријават и платат доходот остварен во странство. Резултатот е – околу 1.200 лица доброволно поднеле пресметки, додека 1.300 лица се задолжени со даночни решенија. За сите нив пресметаниот данок е речиси еден милион евра, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова.



