
ИНТЕРВЈУ I НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: Фокусот на финансиските друштва веќе не е квантитетот, туку квалитетот и довербата
По периодот на брз и динамичен раст, небанкарските финансиски друштва во Македонија во 2025 година влегоа во фаза на консолидација, професионализација и созревање. Фокусот се префрли од квантитативен раст кон квалитет: подобри внатрешни процедури, поголема транспарентност, посилна заштита на потрошувачите, подобрено корисничко искуство и усогласување со европските стандарди и практики. За 2026 година се очекува

