Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Отворено писмо од Групацијата на небанкарски финансиски друштва: Со новата регулатива измами речиси и нема

25 дек. 2024 г.·4 мин читање·2952 прегледи

Следете не на Viber

Земјава денес ја има една од најстрогите регулативи во Европа, која успешно ги комбинира технолошките иновации со заштитата на корисниците. Небанкарските финансиски друштва се посветени на постојано унапредување на своите услуги и заштита на корисниците, нагласуваат од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, во обраќањето до јавноста.

Отвореното писмо од Групацијата го објавуваме интегрално:

Со внимание ја следиме јавната дискусија иницирана од истражувачката сторија и документарниот филм „Украдени животи” на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ). Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како и досега, со должна почит пристапува кон сите новинарски извештаи и ја почитува професионалноста и независноста на новинарите во земјата. Во поддршка на истражувањата, меѓу кои е и последното на ИРЛ, финансиските друштва се на иста линија со медиумите кои придонесуваат за зголемување на транспарентноста во финансискиот систем, но и за подигнување на јавната свест за одговорното кредитирање.

Од друга страна, а во таа смисла, Групацијата е во тесна соработка и со Министерството за финансии со кое, во изминатите две години се работеше и со воведоа клучни законски измени и Правилници кои значително ја подобрија регулацијата на секторот, ја намалија можноста за презадолженост на граѓаните, се зголеми прагот за основање на финансиско друштво, а проверката и верификацијата на барателите на кредит се засилени и ги сведуваат на минимум можностите за измама. Секако, во духот на новото време, со вложување во нови технологии, секторот прерасна во модерен, високо-дигитализиран дел на финансискиот систем на земјата.

Со донесувањето на измените во Законот за финансиски друштва во јули 2023 година, минималниот влог за основање финансиско друштво се зголеми од 100.000 на 500.000 евра со што се гарантира поголема стабилност. Со новата регулатива се ограничија трошоците за кредит, секако со цел да се заштитат корисниците, а беше воведена и забрана за рефинансирање на доспеани кредити во исто финансиско друштво.

Со воведувањето на Правилникот за кредитен ризик од април годинава, се ограничија месечните кредитни обврски до 70% од приходите, со што се дејствуваше во насока на спречување на евентуална презадолженост на поединци и на семејства. Исто така, по стапувањето во сила на овој Закон и Правилникот, од 36 финансиски друштва, на пазарот продолжија да работат 27.

Во меѓувреме, со инвестиции во технологија се овозможи засилена проверка на клиентите, но и автоматска верификација на документите, со цел спречување на можни измами преку регистрирани шеми за електронска идентификација.

Инаку, статистиката покажува дека од преку 220.000 одобрени кредити годишно, само 0,045% се случаи во кои е утврдено сомневање за некаков вид на измама, а по воведување на новите законски регулативи за задолжително физичко присуство или поседување на регистрирана безбедносна шема за идентификација, измами речиси и да нема.

Кредитниот раст во небанкарските финансиски друштва за првото полугодие од тековната година изнесува 4%, што е на ниво на банкарскиот сектор во земјата, додека во вкупната актива на финансискиот систем во земјава, финансиските друштва учествуваат со само 2%.

Дополнително, близу 40% од корисниците на услугите на финансиските друштва се со најмалку високо ниво на образование, според независно истражување од 2021.

Земјава денес ја има една од најстрогите регулативи во Европа, која успешно ги комбинира технолошките иновации со заштитата на корисниците.

Благодарение на добрите практики за работа, случајот што детално се анализира во прилогот на ИРЛ е разрешен уште во 2023 година. Друштвата по сопствена иницијатива го стопирале процесот за наплата на кредитните побарувања, за кои од институциите добиле сигнал дека се можен резултат на измамничко дејствување. Во презентираниот случај на оштетената, се потврдува дека сите финансиски друштва во кои имала кредит ѝ излегле во пресрет и истите биле отпишани во целост или бил стопиран процесот на наплата. Ова укажува дека финансиските друштва се можеби и единствени кои на сопствена материјална штета веднаш реагираат за да им излезат во пресрет на луѓето кои пријавиле украден идентитет.

Небанкарските финансиски друштва се посветени на постојано унапредување на своите услуги и заштита на корисниците. Нашата цел е да придонесеме за развојот на модерен, безбеден и праведен финансиски систем во државата, базиран на доверба и транспарентност. Групацијата останува отворена за конструктивен дијалог со институциите и медиумите за градење доверба во секторот.

 

Клучни зборови

  • Групација на небанкарски финансиски друштва
  • отворено писмо
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk