
Јанкоски од Народната банка: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор
„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата банка или од надлежна институција. Никогаш не отворајте е-врски, не преземајте прилози и не споделувајте лични податоци. Банките нема да побараат ПИН, лозинка или друг чувствителен податок преку телефон или е-пошта. Најбезбедно е веднаш да ја прекинете комуникацијата и да контактирате со вашата банка. Пријавувањето вакви случаи е важно и за заштита на другите корисници“, апелира Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор



