Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Јанкоски од Народната банка: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни

7 ное. 2022 г.·2 мин читање·3051 прегледи

Следете не на Viber

На корисниците на финансиски услуги во блиска иднина ќе им бидат достапни напредни финтек-апликации преку новите дигитални технологии. На почетокот од 2023 година стапува во сила новиот Закон за платежни услуги и платни системи, со кој се отвора поголем простор за развој на иновативни концепти во кои онлајн плаќањата нема да се извршуваат само со платежната картичка – посочи Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативни системи во Народната банка, зборувајќи за безбедноста на онлајн плаќањата во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.

Осврнувајќи се на безбедноста којашто е гарантирана за потрошувачите, при користењето на новите иновативни апликации за онлајн плаќања, Јанкоски истакна дека и кај нас ќе се применат најдобрите практики на Европската Унија во однос на безбедноста на онлајн плаќањата. Со новитетите ќе се воспостави дополнително ниво на заштита преку примена на засилена идентификација, каде што идентитетот на корисникот се потврдува со биометриски податоци, внесување код, ПИН (добиен преку СМС) или со мобилниот телефон којшто го поседува корисникот. Ќе се применува и анализа на ризикот на трансакцијата, односно напредни системи коишто банките ќе ги имаат со цел да се открие невообичаено однесување на корисникот на платежната услуга. Примената на овие концепти на безбедност помагаат да се избегне можно злонамерно или измамничко однесување.

Усогласувањето со законите и регулативите на ЕУ извршено преку новиот Закон за платежни услуги и платни системи се однесува на поголема сигурност и безбедност на потрошувачите, како корисници на новите напредни платежни услуги.

Клучни зборови

  • Горан Јанкоски
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
  • Само прашај
  • супервизор за информативни системи во Народната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk