
Бизнис
ГРАЈС „УМИРА“ – алармантното топење на швајцарскиот глечер како глобално предупредување
Алармантното топење на глечерот Грајс во Швајцарија станува повик за итна климатска акција. Глечерот, долг 5,4 километри и сместен во кантон Валис, денес е сериозно загрозен, а според Матијас Хус, директор на Glacier Monitoring Switzerland (GLAMOS), тој „умира“. Во последните дванаесет месеци до септември 2025 година, мразот изгубил околу шест метри од својата дебелина, што