
Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Гази Баба
Во големата сала во седиштето на Општина Гази Баба утре (14 мај) родителите ќе имаат можност да разговараат за врсничко насилство. Работилницата, организирана од „Макпетрол“, ќе почне во 18 часот. Оваа активност се одвива во рамки на „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. На оваа едукативна средба родителите ќе имаат прилика да



