Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Гази Баба

13 мај 2025 г.·2 мин читање·775 прегледи

Следете не на Viber

Во големата сала во седиштето на Општина Гази Баба утре (14 мај) родителите ќе имаат можност да разговараат за врсничко насилство. Работилницата, организирана од „Макпетрол“, ќе почне во 18 часот. Оваа активност се одвива во рамки на „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. На оваа едукативна средба родителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе аспекти за проблемот со врсничкото насилство. За стручниот дел ќе зборува психологот Деспина Стојановска, а работилницата ќе ја води актерот Сашко Коцев.

„Макпетрол“ досега организира 14 работилници наменети за родители во овој сегмент од својата општествено одговорна кампања. За врсничкото насилство се дискутираше во општините Илинден и Петровец, Бутел и Чучер-Сандево, потоа во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Работилници од овој тип се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

На овие собири, родителите имаат можност да се стекнат со знаења за врсничкото насилство, но и да дознаат како истото влијание врз децата. Како најзасегнати и најодговорни за нивниот развој, родителите преку работилниците се информираат како можат да придонесат да се препознаат и да се разрешат ваквите случаи. На овие средби, исто така, се споделуваат лични искуства и приказни поврзани со булингот, а на темата се разговара и со психологот. Членови на стручните служби на училиштата во општината, кои работат со учениците при случаи на врсничко насилство, исто така, учествуваат на овие настани.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, доби широка поддршка и во неа се приклучија 26 општини со кои што компанијата потпиша меморандуми за соработка. Во првата фаза беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Преку интернет-страницата kreniglas.mk јавноста може да дознае голем број информации за врсничкото насилство.

Меѓу најважните стратешки цели на „Макпетрол“ отсекогаш била општествената одговорност. Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата дава свој придонес во зголемувањето на јавниот интерес за проблемот со булингот. Младите и во следниот период ќе завземаат важно место меѓу општествено одговорните активности на „Макпетрол“.

Клучни зборови

  • Врсничко насилство
  • Гази Баба
  • Крени глас против врсничко насилство
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk