
МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ВО ДАВОС: Мицкоски ќе има средби со претставници на најголемите корпорации и финансиски институции
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија, најавија од Владата. Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање










