Количеството на огревно дрво што го обезбедува државното претпријатие ЈП Национални Шуми не е доволно за да се задоволат потребите на македонските домаќинства кои се греат на дрва. „Согласно Програмата за работа за 2022 година се планира производство на огревно дрво во количина од 516.032м3. Поради сезонскиот карактер на работа во шума (временските услови и сл.) изминатите години испорачано е огревно дрво на граѓаните околу 400.000м3“, се вели во писмениот одговор што го добивме од јавното претпријатие на прашањето колкаво количество на огревно дрво планира да обезбеди ЈП Национални Шуми за наредната грејна сезона и дали со тоа очекува да ги задоволи потребите на граѓаните.
ОД КАДЕ ДРВА ЗА ДРУГАТА ПОЛОВИНА?
Но, според последните објавени податоци од Државниот Завод за статистика за 2019 година, вкупно 327,428 домаќинства се грееле на дрва или на производи кои потекнуваат од дрво или 49,18 проценти о…