
Македонија мора побрзо да расте: Отворен Самитот Македонија2025 со силни пораки за реформи и лидерство
Во време кога економската неизвесност, дигиталните промени и глобалната конкуренција сè посилно ги притискаат малите економии, Скопје денеска стана центар на разговорите за иднината на Македонија. Со пораки дека државата мора побрзо да се движи кон реформи, иновации и посилен економски раст, официјално беше отворен Самитот Македонија2025 – настан што веќе петнаесет години ги собира






