Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Гувернерот Славески во работна посета на „Костал” Македонија: Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

5 мар. 2026 г.·2 мин читање·1262 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал” Македонија Виктор Мизо на која беа разгледани актуелните економски текови и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот.

 Се разговараше пред сѐ за показателите значајни за деловната заедница, особено во однос на унапредувањето на платежните услуги, одржувањето стабилен девизен курс и обезбедувањето умерена инфлација, како главни предуслови за предвидлива деловна клима и одржлив раст на компаниите.

 Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

Директорот Мизо го информира гувернерот за состојбите во автомобилската индустрија на светско и на европско ниво. Тој се осврна на предизвиците поврзани со синџирите на снабдување, царинските стапки, геополитичките тензии, цената и достапноста на работната сила, како и последните случувања што директно влијаеја врз производството и испораките, вклучително и штрајкот на регионалните транспортни компании.

 Во рамките на посетата, гувернерот Славески имаше можност непосредно да се запознае со напредните технолошки процеси и најсовремената опрема во сегментот на енергетска електроника за автомобилската индустрија. Производството е наменето за најновите модели на електрични и приклучни хибридни возила на „Фолксваген”, како и за напредни мехатронски системи за „Мерцедес”, што дополнително ја потврдува ориентацијата на компанијата кон напредна технологија и извоз.

Клучни зборови

  • Виктор Мизо
  • д-р Трајко Славески
  • Костал
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk