
Бизнис
Домашните компании имаат можност да отворат бесплатни интернет продавници
Македонските компании ќе имаат можност за добивање на неповратна финансиска помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар. Оваа активност е дел од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.