Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Домашните компании имаат можност да отворат бесплатни интернет продавници

8 мај 2020 г.·2 мин читање·621 прегледи

Следете не на Viber

Македонските компании ќе имаат можност за добивање на неповратна финансиска помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар.

Оваа активност е дел од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Целта на јавниот повик е да се поддржат домашните компании кои сакаат да отворат своја е-продавница или пак, старт-апи кои сакаат да работат во областа на е-трговијата. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се вклучува во напорите за подигнување на свеста и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја.

„Како два клучни проблеми, кои беа мапирани и потврдени од двете годишни анализи за раст и развој на е-трговијата, се покажаа недоволната едукација и недоволната понуда во областа е-трговија.

На едукација работиме веќе трета година и ќе продолжиме да работиме уште повеќе бидејќи тој пат е навистина долг и има уште многу работа, а сега преку оваа иницијатива дополнително ќе ги мотивираме компаниите да дигитализираат дел од своите услуги и да отворат нов или дополнителен продажен канал – e-продавница, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство, истовремено зголемувајќи ја понудата во е-трговијата во Северна Македонија.“ – велат од АЕТМ.

Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 40.000 долари (2.240.000,00 денари), а истиот ќе биде распределен на 40 избрани апликанти, односно 1000 долари по апликант од кои 50% финансиска помош и 50% консултантска помош од страна на избраните онлајн пазари или ИТ компаниите кои ќе ги изработуваат самостојните e-продавници.

Аплицирањето, кое е достапно на веб сајтот на Асоцијацијата https://ecommerce.mk/ecommerce4all/, е отворено за сите микро, мали и средни компании, стартапи, здруженија и занаетчии кои сакаат да отворат своја е-продавница.

Клучни зборови

  • Асоцијацијата за е-трговија на Македонија
  • бесплатна интернет продавница
  • е-продавница
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk