
Анализи
ОД ТРГОВИЈА СО ОТПАД ДО ПРОИЗВОДСТВО НА СЛАДОЛЕД: Во Шуто Оризари се прават милиони евра
Шуто Оризари е општина во состав на Град Скопје и единствена ромска општина во светот во која Ромите имаат свој градоначалник и можат да ги остваруваат своите национални права. Општината ја задржува својата препознатлива културна и етничка посебност. Но покрај оваа непобитна општествена вредност, Шуто Оризари во последниве години гради и свој економски идентитет. Станува