Шуто Оризари е општина во состав на Град Скопје и единствена ромска општина во светот во која Ромите имаат свој градоначалник и можат да ги остваруваат своите национални права. Општината ја задржува својата препознатлива културна и етничка посебност. Но покрај оваа непобитна општествена вредност, Шуто Оризари во последниве години гради и свој економски идентитет. Станува збор за мала, но стабилна општина во која има компании со различна дејност – од трговија и транспорт до отпад, сладолед и производство на леб. Токму овие дејности се движечката сила на локалната економија.
Порталот Пари ги анализира податоците од БизнисМрежа, и во 2024 година вкупниот приход на топ 10-те компании регистрирани во Шуто Оризари достигнува 42,7 милиони евра, што е раст од 6,48 насто во однос на 2023 година. Но, уште повпечатлив е растот на добивките ‒ од 3 на 4,1 милион евра, што е зголемување од 36,67 насто. Иако бројот на вработени се движи во мали рамки, тој исто така бележи позитивен тренд – о…