
Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг“
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг“ објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во
