Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Бежоска-Георгиева: Претпазливост во политиките на распределба на дивидендата

26 мар. 2021 г.·3 мин читање·1324 прегледи

Следете не на Viber

Се одржа состанок на директорката на ММФ, Кристалина Георгиева и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Народната банка има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата и обезбедувањето економска и финансиска стабилност. Вашите професионалност и независност се од клучно значење.” – рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, одржан вчера.

На состанокот беше нагласена важноста на силните и кредибилни институции, особено во услови на криза, кога треба да сторат сѐ што е потребно за зачувување на довербата и поддршка на домаќинствата и компаниите. Исто така, беше истакнато дека професионалноста и независноста на централната банка се клучни предуслови за исполнување на нејзиниот мандат, вклучително и за обезбедувањето на целокупната стабилност на финансискиот систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги нагласи поддршката и партнерството од страна на ММФ низ годините. „За нас е особено важно што имаме меѓународен партнер со силен интегритет, професионализам и стручност, којшто постојано вложува во подобрувањето на нашите капацитети и ни помага во зацврстувањето на нашата улога во општеството.” – кажа гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во однос на тековната здравствена криза, Георгиева и Ангеловска-Бежоска разговараа за неизвесноста и предизвиците за носителите на политики во периодот што доаѓа. На состанокот беше истакнато дека на глобално ниво е потребна будност и претпазливост во овие околности и заради неизвесноста околу времетраењето и последиците од пандемијата. Ова се однесува и на политиките на финансискиот сектор, во коишто треба да има мерки за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во тој контекст беше посочено на неопходноста од претпазливост во политиките за распределба на дивиденда, како важен чекор во градењето на капацитетот на системот, сѐ додека не започне процес на одржливо закрепнување.

На крајот на состанокот беше заклучено дека ММФ и Народната банка ќе продолжат со интензивната соработка, поддржувајќи ги напорите во создавањето придобивки за економијата и општеството и штитејќи го јавниот интерес. Во овој поглед, доброволното учество на Народната банка во пилот-оценувањето на усогласеноста со Кодексот на ММФ за транспарентност на централните банки беше оценето како важен дополнителен влог за зајакнување на транспарентноста и интегритетот на институцијата.

Клучни зборови

  • Анита Бежоска
  • Кристалина Георгиева
  • ММФ
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk