
ИСТРАГА: Во САД 12-годишни деца експлоатирани од фирми-добавувачи на корејски Hyundai
Hyundai Motor Co, врвниот корејски производител на автомобили, ги истражува прекршувањата на детскиот труд во својот синџир на снабдување во САД и планира да ги „прекине врските“ со добавувачите на Hyundai во Алабама, за кои е утврдено дека се потпирале на малолетни работници, глобалниот оперативен директор на компанијата Хозе Муњоз изјави за Ројтерс во средата.

