Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Недостигот од полупроповодници ќе трае и во 2023 година

29 окт. 2021 г.·2 мин читање·749 прегледи

Следете не на Viber

Водечките американски автомобилски компании „Форд мотор“ и „Џенерал моторс“ сметаат дека недостигот на микрочипови може да продолжи и во 2023 година.

Според финансискиот директор на „Форд“, Џон Лолер, иако компанијата очекува „намалување на обемот и сериозноста на проблемот“, недостигот на полупроводници ќе се чувствува во текот на 2022., па дури и во 2023 година. Извршниот директор на „Џенерал моторс“, Мери Бара посочува дека дури и ако сериозноста на глобалниот недостиг на микрочипови се намали годинава, „нестабилноста во оваа област ќе продолжи“. Поради недостигот на полупроводници, продажбата и приходите на двете компании се намалени во третото тримесечје од оваа година.

Ова се должи и на недоволниот број продажби на автомобили и камиони. Бара рече дека компанијата „продава сè што може и се надева дека ќе им понуди повеќе на потрошувачите“. Претходно, европските производители на автомобили изјавија дека е неопходно што побрзо да се изградат фабрики за чипови во Европа за да се стави крај на зависноста од испораките од Азија.

Продажбата на автомобили во Европа падна за 23 отсто во септември, на најниско ниво по 1995 година, делумно поради неможноста на автопроизводителите да ја задоволат побарувачката, но главно поради недостигот на полупроводници. Според Европската асоцијација на производители на автомобили, актуелната криза покажува „колку е ранлив синџирот на снабдување со полупроводници и колку е неопходно да се минимизира зависноста од овие витални компоненти“ од странските пазари, особено од Азија.

Клучни зборови

  • автомобилски компании
  • полупроводници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk