Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Штедачите бараат одговор: Кој сѐ е вмешан во организираниот криминал во Еуростандард банка?

17 мај 2024 г.·3 мин читање·935 прегледи

Следете не на Viber

Одговорност за организираниот криминал во Еуростандард банка мора да има, а што побрзо треба да се утврди кој сѐ е вмешан во тоа, велат од Иницијативниот одбор на Здружението на оштетените штедчи од ЕСБ.

Во соопштението што го упатија до медиумите пишува:

„Еден од најголемите настани од организиран криминал во последната деценија во Македонија е затворањето на Еуростандард банка. Денот кога се затвори банката, пред неполни четири години, во јавноста се дозна што всушност се случувало во банката со години наназад. Тоа веднаш го соопштија на прес-конференција сопствениците, а воедно и највисоки раководни лица во банката, Трифун Костовски и неговиот син Коста Костовски. Затворањето на банката било производ на организиран криминал. Потоа, тој заклучок се повторуваше во разни изјави, интервјуа, емисии и настани од разни страни. Но, и покрај тоа што се работи за организиран криминал од големи размери за оваа држава, уште нема официјален одговор за тоа како се случил и потоа развивал организираниот криминал во банката, и најважно, кој сѐ е одговорен“.

Штедачите бараат од Обвинителството, кое повеќе од три години води истрага, конечно да дојде до одговорот – кога и како почнал криминалот во ЕСБ.

„Секој организиран криминал има своја цел и почеток. Во случајот на Еуростандард банка целта била да се украдат личните парични средства на физички и правни лица кои и ги довериле на банката, под закрила на лична доверба и законска заштита од злоупотреби во работењето на банката. Но, кога и како почнал криминалот? Одговорот на ова прашање ќе треба да го даде обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое повеќе од три години ја спроведува истрагата околу пропаѓањето на Еуростандард банка. Без да се навлегува во генезата на настаните и времето, едно е сигурно. Основна причина за појава на организираниот криминал е потпишувањето и одобрувањето на необезбедени, ненаплатливи кредити од Еуростандард банка, кои имале за цел да не се вратат од каде се земени. Тоа е почетокот на криминалот, без разлика кога тој започнал да се случува. Кои се тие личности во банката кои го дозволиле и го правеле тоа? Кои се тие раководни лица кои масовно потпишувале одлуки и налози за делење на необезбедени кредити? Без тој чин не би ни почнал организираниот криминал во Еуростандард банка. А како што разбравме од досегашните изјави, организираната пракса на потпишување и доделување на ненаплатливи кредити во Еуростандард банка траела со години“.

Одговорните имаат име и презиме, кои треба јавно да се обелоденат, порачуваат од Иницијативниот одбор:

„Прашањето на одговорност за организираниот криминал е прашање кое мора да се одговори.  Одговорот на прашањето содржи имиња и презимиња.  Во нив сигурно место заземаат оние личности без кои не би ни имало организиран криминал.  Тоа се оние кои го почнале и развиле криминалот со масовно потпишување и одобрување на необезбедени кредити, спротивно на сите кодекси и законски обврски.

Одговорност за организираниот криминал во Еуростандард банка мора да има.  Час поскоро“.

 

Клучни зборови

  • Здружение на оштетени штедачи од Еуростандард банка
  • организиран криминал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk