Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Советот на странски инвеститори одржа работилница за странските компании за примена на одредбите од законот за царинска тарифа

20 сеп. 2023 г.·2 мин читање·340 прегледи

Следете не на Viber

Советот на странски инвеститори во соработка со Царинската управа на РСМ на 19.09.2023 година организираше еднодневна работилница на тема: „Крајна употреба и придобивки за имателите на одобрение“ со цел економските оператори да се запознаат со крајната употреба, начинот и постапката како да се дојде до одобрение за крајна употреба, а се со цел да се користат придобивките од страна на имателите на одобрение.

Настанот го отвори претседателот на Советот на странски инвеститори и генерален директор на Костал Македонија г. Виктор Мизо којшто се заблагодари на претставниците на Царинска управа изразувајќи го своето верување дека овој настан ќе придонесе  да се надминат сите нејаснотии во примената на постапката за Крајна употреба пропишана во Законот за царинска тарифа.

Од Царинската управа истакнаа дека стојат на располагање на сите компании коишто се извозно ориентирани за секаков вид на помош.

Во текот на работилницата беа објаснети сите аспекти околу дефинирање на крајната употреба, законските основи, можностите и начинот за поднесување на барање и добивањето на одобрение. Истовремено учесниците добија практични совети во врска со начинот на поднесување на барањето, но и начинот на надзор над спроведување на крајната употреба и соодветно правилниот начин на раздолжување на постапката. Исто така присутните компании имаа можност да се запознаат со придобивките за имателите на одобрение, но и видовите на стока, кои можат да бидат предмет на крајна употреба. На крајот, претставниците на компаниите имаа можност да поставуваат прашања, како од оваа тема така и за се останато што ги засега, а е во доменот на царината.

На овој работен состанок коj се одржа во хибриден формат присуствуваа околу 40 учесници претежно од странските компании во земјава и членки на Советот на странски инвеститори.

Клучни зборови

  • Виктор Мизо
  • Костал Македонија
  • странски инвеститори
  • Царинската управа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk