Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НА МЕСТОТО НА НЕКОГАШЕН „ПАРТИЗАН“: Карпош ќе добие затворен пливачки базен

13 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1637 прегледи

Следете не на Viber

Карпош ќе добие затворен пливачки базен во рамките на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ или популарниот „Партизан“, кој долги години опстојува како урнатина. Конечно, денес се означи почетокот на изградбата на базенот и на создавањето нови спортски комплекс.

Базенот е со димензии 33×40 метри и длабочина до 1,4 метри. Ќе биде поврзан со топла врска со спортската сала, а инвестицијата од 760 илјади евра е финансирана од Владата преку Агенцијата за млади и спорт.

„Со гордост сакам да најавам дека почнуваме со изградба на затворен пливачки базен, како дел од овој простор, со  проект кој, верувам, повторно ќе ја вратиме насмевката на карпошани и спортскиот ентузијазам на сите негови граѓани.

Овој објект конечно ќе ја смени својата лоша слика која ја имаше во текот на изминатите децении, а сега со наша поддршка ќе добие нов лик, модерна спортска сала која ќе обезбеди место за спортување на сите граѓани од Карпош, меѓутоа и на граѓаните од другите општини во Скопје кои гравитираат околу Карпош“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Со почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен и со реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ се гради целосен спортски комплекс во функција на младите, спортистите и рекреативците, посочи премиерот. И објави дека веќе привршуваат работите на комплетната реконструкција на салата „Партизан“, кои треба да се комплетираат некаде до средината на октомври.

„Што значи дека за еден месец од денес ќе имаме пуштање на оваа сала и да видиме повторно младите карпошани и повозрасните да се занимаваат со своите омилени спортови“, нагласи Ковачевски, додавајќи дека во реконструкцијата на салата се вложени 1,1 милион евра.

На настанот присуствуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Инаку, салата „Партизан“ е донација доделена од Франција по скопскиот земјотрес од 1963 година.

Клучни зборови

  • инвестиција
  • Општина Карпош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk