Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

СО ДВЕ ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ – ново задолжување од 189 милиони евра

12 јан. 2024 г.·1 мин читање·627 прегледи

Следете не на Viber

Државата и натаму се задолжува. Овојпат со речиси 189 милиони евра, преку две државни обврзници без девизна клаузула, кои се поставени на куси патеки. Првата достасува во 2026, втората во 2027 година. Издадени се на втори јануари, а од вчера котираат на официјалниот пазар на подсегментот берзанска котација.

Емисијата на првата државна обврзница е во вредност од 4.380.000.000 денари или 71,2 милиони евра. Номиналната вредност по обврзница е 10 илјади денари, а издадени се 438.000 хартии од вредност од овој вид, кои носат камата од 4,55 проценти. Согласно датумот на издавање, денот за достасување е втори јануари 2026 година.

Поголема е вредноста на другите државни обврзници без девизна клаузула –  7.242.920.000 денари, односно 117,7 милиони евра. Емитуваните 724.292 обврзници исто така имаат номинална вредност од 10 илјади денари. И каматната стапка е нешто повисока и изнесува 4,65 проценти. Овие хартии од вредност за рок на доспевање го имаат втори јануари 2027 година.

Клучни зборови

  • државни обврзници
  • ново задолжување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk