Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Кариера

Во првиот квартал 9.075 слободни работни места, најбарани услужните дејности и продажбата Во првиот квартал 9.075 слободни работни места, најбарани услужните дејности и продажбата | opserver.mk

2 јун. 2020 г.·2 мин читање·1162 прегледи

Следете не на Viber

Во првиот квартал годинава во државава се регистрирани 9.075 слободни работни места, од кои според дејности најголемиот се во преработувачката индустрија, 2.482.

Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места изнесува 1,81 процент. Највисока стапка на слободни работни места во износ од 4,1 процент има во секторот административни и помошни услужни дејности, а најмала е стапката во секторот образование, каде изнесува 0,47 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,22 проценти. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, од 2,80  проценти. Според занимања, најмногу слободни работни места, односно 2 878, има во петтата група занимања ‒ работници во услужни дејности и продажба.

По нив следат 1.668 техничари и сродни занимања,  па 1.263 кај групата елементарни занимања, 1.058 ракувачи и составувачи на машини и постројки. Регистрирани се и 720 слободни работни места од занимањето службеници, 609 во групата стручњаци  и научници. Има и 34 слободни работни места во групата занимања членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Гледано по дејности, статистиката евидентира најмногу слободни работни места 2.482 во преработувачката индустрија, по што следат трговијата на големо и трговијата на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.695, па административните и помошните услужни дејности со 933.

Клучни зборови

  • дејности
  • кариера
  • макроекономија
  • продажба
  • работни места
  • статистика
  • функционери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk